Регистрација на гласачи

Пријавување за гласање на лица кои за денот на изборите не се во можност да гласаат физички во нивните избирачки места.

Пријава гласачи - болни и изнемоштени лица»

Статистика »

Лица за кои се однесува

Оваа регистрација се однесува за лицата кои спаѓаат во групата на болни и/или изнемоштени лица, и истите не се во можност физички да го остварат своето избирачко право во нивното избирачко место.

Потребни документи

При регистрација покрај копија од личната карта, задолжително се доставува и копија од потврдата или лекарски наод за дијагнозата на болното/изнемоштеното лице.

Начин на аплицирање

Со цел за полесно прикачување на бараните документи, преопрачуваме веб апликацијата да ја користите од Вашиот мобилен уред со кој при пополнувањето на податоците на едноставен начин може да ги прикачете копиите на бараните документи со сликање на истите.